пилинг за лице

Природен пилинг за лице од шеќер и мед

Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Редовната нега за миење на лицето, нанесување на крем, помага да се задржи свежината и сјајот на кожата. Но, покрај тоа еднаш неделно се препорачува да правите пилинг за лице, кој има улога за отстранување на мртвите клетки на кожата.

Пилингот е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината. Но, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и да купувате скапи козметички средства наменети за пилинг на кожата? Природните препарати се ефикасни, евтини и лесно достапни, а резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа.

Доволни ви се малку мед и шеќер, па домашниот третман може да започне. Медот долго време се користи против стареење на кожата, природно ја навлажнува кожата и ја одржува нејзината свежина.

пилинг за лице

Состојки:

Подготовка:

  1. Во мал сад ставете го медот и шеќерот. Мешајте ја смесата со мала лажичка за да се добие хомогена смеса во вид на густа паста. По потреба додајте уште шеќер.
  2. Лицето измијте го добро. Нанесете мала количина од приготвениот пилинг за лице на влажната кожа со нежно триење, а избегнете ја областа околу очите. Пилингот оставете го да делува за време од 15 минути.
  3. Потоа, лицето измијте го со млака вода.

По направениот пилинг за лице, ви предлагаме да нанесете маска од куркума против акни, брчки и темни кругови околу очите.

Сподели: