пилинг од нане

Природен пилинг за усни од нане

Имајте убава насмевка, не заборавајте да ги негувате и вашите усни! Пробајте го нашиот предлог и на природен начин направете пилинг за усни од нане. Вашата насмевка ќе блеска, а чувството на мекост и нежност е нешто во кое бесконечно ќе уживате!

Нема ништо попривлечно од женската насмевка. Но, во секое годишно време, ветровите, ниските и високите температурни разлики и сувиот воздух можат да бидат причинители за појава на испукани усни. Доколку и вие се соочувате со овој проблем, сега можете сами да си направите специјален пилинг на усните, со природни состојки кои ќе ви помогнат за посакуваниот изглед. За подготовка на овај пилинг ќе ви требаат само неколку минути, а по третманот усните ќе ви бидат меки и убави.

пилинг од нане

Состојки:

  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица мед
  • 1 ½  лажици шеќер
  • 3 капки на етерично масло од нане.

Подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги.
  2. Нанесете мала количина од смесата на усните, нежно истријте и оставете го пилингот да делува неколку минути.
  3. Потоа исплакнете ги усните со вода и нанесете балсам за усни.

Ефектот ќе го забележите веднаш. Со помош на здравото нане, вашите усни ќе бидат меки и нежни.

Сподели: