раствор за прочистување на носот

Природен раствор со морска сол за испирање на синусите

Ако имате проблеми со главоболка предизвикана од синусите, настинка или алергии, тогаш овој раствор со морска сол е најдобриот природен лек кој може да ви помогне. Одвојте малку време и направете си природен раствор за прочистување на носот и решете го проблемот без да голтате голема количина на антибиотици.

Прочистувањето на носните патишта и синусите може да биде од голема помош кога се во прашање симптомите на алергија и настинки, затоа што на тој начин се испираат сите алергени кои ги иритираат ноздрите и предизвикуваат непријатни симптоми.

раствор со морска сол

Испирањето може да се прави на повеќе начини, со помош на некои садови или посебен прибор кој може да се пронајде во аптеките.

За да биде третманот ефикасен, најважно е правилно да го направите растворот, според инструкциите кои се дадени во текстот.

Состојки:

  • ¼ чаша морска сол
  • ¼ чаша сода бикарбона
  • филтрирана или дестилирана вода
  • прибор за испирање.

Подготовка:

  1. Морската сол и сода бикарбоната помешајте ги и чувајте ги во стаклен сад. За секое испирање користете околу ½ лажичка од смеса со сол и сода бикрабона.
  2. Водата затоплете ја и додајте ја смесата со морската сол. Измешајте ги и оставете ја водата да се излади до собна температура или максимално до 37 степени. Потоа, растворот ставете го во приборот за испирање и прочистете ги синусите. Притоа, следете ги инструкциите на паковањето на приборот кој ќе го користите за испирање.
  3. Постапката може да ја примените неколку пати во текот на неделата, со што ќе почувствувате големо олеснување.

Ви предлагаме да прочитате: 9 лесни начини за навремено зајакнување на имунитетот.

Сподели: