природен сок од цвекло за подобрување на крвната слика

Природен сок за подобрување на крвната слика

Ако сте бледи, се чувствувате уморно и поспано, можеби е ослабена вашата крв. Во продолжение, ви предлагаме домашен рецепт за природен сок од цвекло, моркови, јаболка, лимони и мед кој ќе ви помогне за подобрување на крвната слика и зајакнување на организмот.

Анемијата претставува состојба на намалување на црвените крвни зрнца, односно на концентрацијата на хемоглобин. Овој недостиг предизвикува здравствени проблеми, затоа што благодарение на хемоглобинот се овозможува транспорт на кислородот до сите ткива во телото. А без кислород, не е можно нормално функционирање. Ниското ниво на железо во крвта доведува до чувство на слабост, лош имунитет и замореност. А за да ги надминете овие проблеми и да се чувствувате одлично, направете го овој природен сок од цвекло и секое утро пијте по една ракиена чашка.

природен сок од цвекло за подобрување на крвната слика

Состојки:

  • 1 кг цвекло
  • 1 кг моркови
  • 1 кг јаболка
  • 4 лимони
  • 250 гр мед.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и излупете ги цвеклото, морковите и јаболката, а потоа изрендајте ги.
  2. Во длабок сад ставете ги ренданото цвекло, морковите и јаболката.
  3. Лимоните исечете ги на поситни парчиња. Во садот со ренданото цвекло, додајте ги сечканите лимони и медот.
  4. Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да одстои 24 часа во фрижидер.
  5. Потоа, процедете го сокот, така што за цедење ќе употребите чиста газа, а потоа сипете го во стаклено шише и чувајте го во фрижидер.

Сподели: