длабинско прочистување на порите на лицето 1

Природна маска за длабинско прочистување на порите на лицето

Оваа маска многу добро ги прочистува порите на лицето и ја затегнува кожата. Природна е и не е комплексна за правење, а резултатите кои ги дава се сосем задоволителни.

Порите се составен дел од структурата на кожата и се неопходни за нејзиното функционирање. Тие се отвори за мрсната супстанца – себум, која ја подмачкува кожата и ја штити надворешната површина. Но, некогаш тие се зголемуваат и на лицето му даваат непосакуван изглед. За таа цел споделуваме природна маска за длабинско прочистување и нивно намалување. А, ако сакате да дознаете и други методи, кликнете тука.

длабинско прочистување на порите на лицето 2

Потребно е:

  • 1 банана
  • ½ јаболко
  • 1 мала лажичка свеж сок од лимон
  • 4 мали лажички мед
  • варени овесни снегулки по потреба.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Бананата, јаболкото, сокот од лимон и медот ставете ги во блендер и добро измиксирајте ги.
  2. Потоа ставете ја смесата во сад и додадете од изладените овесни снегулки по потреба, за да се добие количина на маска колку да го прекрие лицето.
  3. Исчистете го лицето и врз него ставете крпа потопена во топла вода. Оставете крпата да стои неколку минути, а со тоа порите ќе се отворат и маската ќе има подобар ефект.
  4. Потоа исушете го лицето, нанесете ја маската и оставете ја да делува околу 20 до 30 минути. Нежно масирајте го лицето. Тоа ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и да имате сјајна кожа.
  5. Маската отстранете ја со топла вода. После третманот може да користите тоник, ладна вода или коцка мраз на лицето, со цел да ги затворите прочистените пори.

Ви препорачуваме да прочитате: Маска од желатин за отстранување на црнките и прочистување на порите.

Сподели: