природна маска за хидратација на лицето 1

Имајте негувана и затегната кожа со природна маска за хидратација на лицето

Наместо да давате „куп пари“ на скапи козметики, креми или козметичари, пробајте да направите нешто и самите дома за вашето лице. Можеби веќе користите, а можеби не сте знале дека сите имаме лесно достапна козметика во фрижидерите дома? Да, можете да направите домашна и природна маска за хидратација на лицето!

Одлично ја зачувува неговата свежина и ја подобрува еластичноста на кожата. А знаете дека тоа значи, убава кожа која изобилува со свежина и младешки сјај. Вистина е дека не можеме да биде нежни како во детството цел живот, но и тоа како може да придонесеме за да старееме убави и да зрачиме со позитивна енергија каде и да одиме! За оваа маска не ви се потребни некои состојки кои се специфични да се набават. Напротив, поедноставно не може да биде. Наменета е за мажи и жени во секоја возраст.

природна маска за хидратација на лицето 2

Може да ве интересира: 3 третмани за помалку видливи пори на лицето.

Состојки:

  • 1 банана
  • 2 лажици јогурт
  • 1 лажица мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во чист сад испасирајте ја бананата, а потоа додајте ги јогуртот и медот.
  2. Добро измешајте и маската е спремна.
  3. На претходно измиено и исушено лице нанесете ја маската во слој кој е доволен за да се прекрие кожата и оставете ја да делува околу 15 минути.
  4. На крај измијте го лицето со ладна вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна маска за затегнување на кожата на вратот.

Сподели: