Природна маска за хидрирање на лице за сите типови кожа 1

Природна маска за хидрирање на лице за сите типови кожа

Храната има огромно влијание за одржување на убавината. Покрај професионалната козметичка нега, вашата кожа може да ја третирате со домашни природни третмани. Овој пат ви предлагаме природна маска за хидрирање на лице, која се препорачува за сите типови кожа.

Оваа маска може да ја направите експресно брзо, за само за 2 минути, а кожата на вашето лице ќе биде видно освежена, сјајна и нежна. Белките од јајцата, освен во исхраната се корисни на многу начини, а доколку ви се случи да ви остане поголема количина, еве како може да ги искористите.

Природна маска за хидрирање на лице за сите типови кожа 2

Состојки:

  • 2 белки од јајце
  • 2 лажици јогурт.

Подготовка:

  1. Во чист сад убаво изматете ги белките, па измешајте ги заедно со јогуртот.
  2. Лицето исчистете го и исушете го, а потоа со помош на чисто четче нанесете ја маската на лицето.
  3. Оставете ја маската да стои на лицето најмалку 5-10 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

Оваа природна маска за лице за хидрирање на лице е погодна за употреба еднаш неделно, а може да ја употребуваат сите лица бидејќи е погодна за сите типови кожа.

Ако ви е потребна помош за најлесно да ги издвоите белките од жолчките, ви препорачуваме да кликнете тука и да ги погледнете нашите три предлози и совети за најлесно и надобро да ги поделите.

Сподели: