кандида на јазик 1

Природни лекови кои помагаат при кандида на јазикот

Кандидата е габичка која нормално живее цревата. Во мали количини оваа габичка е корисна за организмот, но доколку нејзиниот број значително се зголеми може да предизвика здравствени проблеми, како што се вагинални инфекции кај жените, црвенило на кожата кај бебињата и бели наслаги на јазикот.

Кандидата на јазикот најчесто се јавува кај бебиња, постари лица и лица со ослабен имунитет. Доколку имате бели наслаги на јазикот предизвикани од кандида, ограничете го внесот на храната богата со шеќери и направете ги следните природни и домашни лекови:

Направете солен раствор

Во чаша со млака вода ставете ½ лажичка сол и измешајте. Со солениот раствор исплакнете ја устата, два до три пати на ден.

Чајот од мајчина душица ќе ви помогне за отстранување на белите наслаги на јазикот

Мајчина душица ефикасно помага при орална кандидијаза, а најчесто се користи за лекување на горниот респираторен систем и инфективни заболувања. Обидете се често да ја користите како чај или додадете ја во умерени количини во јадењата кои ви се допаѓаат.

кандида на јазик

Јаболковата киселина е природен и ефикасен лек при кандида на јазикот

Јаболковата киселина се користи за лекување на повеќе состојби, а една од нив е и кандидијазата на јазикот. За да го решите овој проблем, во чаша со дестилирана вода ставете една лажица јаболков оцет и промешајте, а потоа исплакнете ја устата неколку пати. Друга опција е да се измеша една лажица јаболков оцет во 240 мл вода и истата да се консумира пред секој оброк. Јаболковата киселина помага во борбата против прекумерниот раст на цревните габички, кои понекогаш придонесуваат за орална кандидијаза.

Вклучете го лукот во вашата исхрана

Лукот изобилува со сулфурни соединенија како што се алицин, алин, алиназа и S-алицистин, кои помагаат во борбата против широкиот спектар на инфективни заболувања. Свежиот лук има подобро дејство во споредба со таблетите од лук, па затоа обидете да го консумирате што повеќе во вашата исхрана. За најдобри резултати, дневно консумирајте 4 до 5 чешлиња лук. Ако сте загрижени за непријатниот здив од лукот, тогаш одлучете се за лук во капсули.

Имајте во предвид дека габичните инфекции се долготрајни и упорни, па затоа е потребен подолг временски период за целосно надминување на проблемот.

Сподели: