абична инфекција нокти

Природни лекови против габична инфекција на ноктите

Габичните инфекции на ноктите се честа појава. Во почетокот заболувањето почнува со промена на бојата на ноктот во жолтеникава, а потоа со задебелување на ноктената плоча, при што ноктот станува искривен и кршлив, дури постои голема шанса за нивно опаѓање. Кожата околу и под ноктите може да биде воспалена, па затоа освен ноктите, треба и таа да се третира.

Некои луѓе имаат поголема склоност кон габични заболувања, а тоа се: луѓе со слаба циркулација и општа лоша здравствена состојба како што се дијабетес и псоријаза. Честото миење на рацете, престојот во влажни услови, носењето на ракавици, пушењето и маникирањето на ноктите во салони со ниско ниво на хигиена, исто така може да ја поттикнат инфекцијата.

Доколку и вие имате проблем со габична инфекција на ноктите ви предлагаме да си направите тинктура и купка со етерична масла. Етеричните масла кои се корисни при габични инфекции се маслото од мајчина душица, лаванда, ловоров лист и оригано.

габична инфекција нокти

Тинктура за габични инфекции на ноктите

Во 20 мл растително масло, додадете 30 капки од етерично масло од лаванда и оригано (или мајчина душица). Со оваа тинктура мачкајте се 3 пати на ден на критичните области. Исто така, може да се користи масло од бадем, кое ќе ја омекне испуканата и иритирана кожа, и ќе го намали чешањето.  Со редовна употреба на овие природни препарати за многу кратко време ноктите ќе блеснат во стариот сјај.

Купка за раце и стапала

Сода бикарбоната се повеќе се користи во одржувањето на хигиената и убавината, бидејќи нежно ја чисти кожата, дејствува антисептично, дезодорира. Исто така е корисна при габични инфекции, затоа што алкалноста на сода бикарбоната ќе ја ублажи и спречи инфекцијата. За да направите купка за рацете и стапалата во топла вода ставете една рака сода бикарбона и 10-15 капки од претходно споменатите масла, а потоа ставете ги вашите дланки и стапала за време од 20 минути. Потоа добро исушете ги, а добро е во подрачјето на ноктите и прстите да втриете малку сода бикарбона.

Габичните инфекции се долготрајни и бараат упорност. Затоа следете ги следните совети кои ќе ви помогнат во решавањето на овој проблем:

  • одржувајте ги ноктите кратки и суви
  • користете посебно ноктарче за инфицираните нокти
  • по бањање, темелно исушете ги своите стапала, особено просторот меѓу прстите
  • користете чевли што се удобни и не ве стегаат.

Сподели: