лекување на егзема

Природни начини за лекување на егзема

Проблемите со кожата кои се предизвикани од егзема и псоријаза може да бидат многу упорни и непријатни. Ако мислите дека имате испробано сѐ, а ништо не ви помогнало, пробајте со природни препарати.

Штом вие или вашите блиски се соочуваат со овој проблем, сигурно сте поминале часови пребарувајќи начин како може да си помогнете. Најверојатно ги читате форумите или сте член на групи па следите од што другите луѓе имале ефект. Еве неколку природни начини за лекување на егзема и проблеми со кожата.

егзема

Кокосово масло

Кокосовото масло е добро за нега на кожата, па доколку имате проблем со егзема, набавете си и започнете со третман. Едноставно во танок слој намачкајте кокосово масло на критичните места и за брзо време ќе се намали болката и чешањето на кожата.

Направете домашен морски спреј

Сигурно сте од многуте луѓе кои имаат слушнато дека престојот на море ја подобрува кожата. Тоа е точно. Комбинацијата на витаминот Д и магнезиумот благотворно делуваат на кожата. Ако немате можност да престојувате на море, може сами да си направите морски спреј. За да го направите потребни ви се следните состојки:

  • 1 чаша дестилирана вода
  • 1 лажица морска сол
  • прстофат горка сол
  • неколку капки етерично масло по избор.

Сите состојки ставете ги во шише со прскалка. Добро измешајте за да се растопи солта. Потоа, со помош на морскиот спреј испрскајте ги местата со егзема.

Домашна купка богата со магнезиум

Овие купки се прават по истиот принцип како и морскиот спреј. Во када полна со вода растворете:

  • ½ чаша горка сол
  • ½ чаша морска сол
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 10 до 15 капки етерично масло од лаванда.

Пробиотици

Природните пробиотици и храната која е богата со нив, може да бидат од голема помош кога е во прашање лекувањето на кожните болести. Дознајте што се пробиотици и како може го подобрат вашето здравје.

Ви предлагаме да прочитате: Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа.

Сподели: