телесна температура

Природни начини за намалување на покачена телесна температура

Како да се намали покачената телесна температура е прашање кое често го поставуваме при настинка или грип. Доколку температурата е висока, а немате лек при рака, применете некој од природните начини кои ги користеле нашите баби.

Дел од лекарствата кои се користат за намалување на покачената телесна температура, во својот состав содржат синтетички и штетни состојки. Денес е популарно и при обични настинки, да се оди до аптека и да се купат таблети за кои верувате дека имаат ефект. Но, постојат луѓе кои со години не користат никакви лекови од аптека, а помошта ја бараат во лековитите билки од природата. Со почетокот на школската година, започнуваат да се пренесуваат различните болести меѓу децата. Зачестеноста на настинките и покачената телесна температура е поголема како што заладува времето. Покачената температура е најчеста реакција при бактериски и вирусни болести.

Штом температурата е многу висока, мора да се преземат мерки за таа да се намали. Никогаш не ги оставајте децата со висока температура без надзор и нега, особено навечер, затоа што е можна дехидатација па и оштетување на мозокот. Педијатарите препорачуваат да се даваат лекови за намалување на зголемена температура (антипиретици) кога температурата е 38 степени и повисока, но внимателно и не пречесто. Покрај изнемоштеност и непријатност, долготрајната фебрилност над 40 степени Целзиусови може да доведе до дехидратација и штетни ефекти на централниот нервен систем.

висока темература

Течности за намалување на покачената температурата

За да ја намалите високата температура и побрзо да ја пребродите настинката, пијте двојно повеќе течности. Лимонада, цеден сок од портокал, чаеви и вода треба да се пијат во поголеми количини. Повеќето течности го поттикнуваат потењето, а со тоа се елиминираат токсините од организмот и температурата се намалува.

Масажи со ракија

Намалувањето на температурата со помош на ракија е позната стара метода која ја користеле нашите пребаби. Натопете крпа со ракија и со неа масирајте ја личноста која има температура, по цело тело. Можеби нема да биде многу пријатно, затоа што алкохолот лади, но сепак помага температурата делумно да се намали. Натопените крпи со ракија може да се користат и како облоги по телото.

Киселина и палента за намалување на висока температура

Уште една стара метода која ја користеле нашите предци. Во тенџере на оган сварете палента или пченкарно брашно, а потоа оставете ја да се излади. Во изладената палента додајте алкохолна киселина. Смесата ставете ја на крпа и обложете ги табаните на нозете. Ставете чорапи и почекајте температурата да се намали.

Намалување на покачената телесна температура со туширање

Има луѓе кои практикуваат при висока температура да се тушираат со млака вода. Многу не е пријатно, но и тоа може да помогне.

И штом забележите дека телесната температура е над 38 степени, задолжително побарајте помош од лекар.

Ви предлагаме да прочитате: Чај од ајдучка трева помагач при настинки, грип и температура.

Сподели: