Природни освежувачи за автомобилот и домот 1

Природни освежувачи за автомобилот и домот

Ако сакате куќата и автомобилот да мирисаат на опојни ароми како ванила, лаванда или цитрусни ноти, а не ги обожавате хемикалиите кои обично се наоѓаат во купени освежувачи, единствено ви преостанува да направите сами. Ние имаме повеќе алтернативи.

Ви предлагаме да ги разгледате овие два домашни и природни освежувачи. Тие даваат можност мирисот да го прилагодите по своја желба, а еве како да ги направите.

Природни освежувачи за автомобилот и домот 2

Природен освежувач од вотка

Вотката е навистина одлично средство за прочистување на воздухот, а алкохолот кој го содржи ги убива бактериите.

Состојки:

  • 1 шолја вода
  • 2 лажици вотка
  • шишенце со спрејна прскалка
  • неколку капки етерично масло по желба.

Подготовка  и начин на употреба:

  1. Сите состојки измешајте ги во чист сад.
  2. Добро промешајте ги и турете ги во шишенцето.
  3. Кога и да почувствувате дека сакате да го разубавите мирисот на воздухот во автомобилот или некоја просторија, слободно прснете. Тоа нека биде „на празно“, низ воздухот, но не насочено кон одреден предмет.

Природен освежувач со мирис на цитрус

Ако го сакате мирисот на цитрусното овошје, можете едноставно да излупите портокал и лимон, па да ги ставите во сад со вода на оган и да ги оставите да варат за да пуштат арома. Ова е совршено за затворени простории во кои воздухот е малку сув. Еве го рецептот.

Состојки:

  • помал сад наполнет со 2/3 вода
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 3 гранчиња рузмарин
  • 1 лимон.

Подготовка  и начин на употреба:

  1. Во сад на оган ставете ги сите состојки, оставете да зворие, па намалете ја температурата и оставете да крчка.
  2. Оставете го на работна маса или друга погодна површина и ќе мириса два дена.
  3. Подоцна, доколку сакате можете да го префрлите во шише со прскалка и повремено да прскате во просторијата или во автомобилот.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен освежувач за простории.

Сподели: