Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк 1

Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк

Совршениот шејк за сите оние оние кои вежбаат, тренираат или пак им е потребна енергија, не мора секогаш да содржи само протеини во прав. Многу природни намирници изобилуваат со протеини, па ако ги додадете во своето утринско смуди, ќе добиете совршен енергетски шејк.

Во енергетските шејкови и смуди напитоци, најчесто се додава сурутка во прав. Сурутката, доколку е органска и природна претставува незаменлив природен еликсир, меѓутоа често пати, сурутката во прав содржи и многу обработени состојки и хемикалии. Доколку имате можност, трудете се да купувате домашна или органска сурутка, или пак заменете ја со некои од овие додатоци за да се обезбедите со доволно енергија без вештачки прашоци и хемикалии.

Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк 2

Семиња и житарки

Семињата и житарките се феноменален извор на протеини за вашиот шејк или смуди. Може да ги мешате со јаболко или банана и малку млеко или јогурт. Меѓу трите најхранливи семиња спаѓа чиа семето. Содржи растителни влакна, калциум и повеќе омега три масни киселини, дури и од лососот. Само во една лажица од овие семки се содржат 4 грама на протеини. А, доколку сакате да дознаете повеќе за начинот на нивна употреба прочитајте кои се правилните и погрешните начини на користење на чиа семето.

Ако покрај протеините ви се потребни и дополнителни растителни влакна и омега три масни киселини, во вашето смуди додадете и ленено семе. Во една лажица мелено ленено семе се наоѓаат 2 грама протеини, но и многу други здрави, хранливи состојки. Тие одлично влијаат на дигестивниот тракт, а најмногу се искористуваат ако претходно се измелени.

Покрај со чиа семето и ленот, вашето смуди може да го збогатите и со семки од тиква, сончоглед или пак коноп. Семките од тиква имаат 3 грама протеини на една лажица, а покрај тоа изобилуваат и со магнезиум, цинк и омега 3 масни киселини. Прочитајте кои се 3-те причини да јадете семки од тиква. Што се однесува пак на семките од сончоглед, тие се малку посиромашни со протеини и имаат само 1,5 грама по лажица, но затоа се одличен извор на бакар, витамин Е и фолна киселина. За семките од коноп за кои се верува дека се храна на иднината. Тие содржат дури 5 грама протеини на една лажица, а се и одличен извор на растителни влакна, калиум и железо.

Млеко и путер

Млекото е најчесто основа на секое смути или пак шејк. Тука секако мислиме и на растителните видови на млеко како што се соиното, бадемовото или кокосовото. Кравјото или козјото млеко содржат околу 8 грама протеини по чаша, додека пак обезмастениот јогурт содржи  дури и до 14 грама. Што се однесува пак до растителните видови на млеко може да се каже дека и тие се одличен извор на протеини, па така соиното млеко содржи 7 грама по чаша, а кокосовото 5 грама. Од путерите, предност му даваме на путерот од кикиритки кој содржи 7 грама на протеини во две лажици. Тој му дава фантасичен вкус на секое смути и одлично се прилагодува на сите рецепти. Во една лажица на путер од бадеми има 2 грама протеини, па така и него може да го додавате во шејковите, но секако и во десертите.

Други додатоци

Киноата, која е една од најздравите храни во светот е исто така е одличен извор на протеини. Па така, и неа може да ја додавате во шејкови, но секако претходно мора да биде сварена. Една чаша киноа има 8 грама протеини, а покрај тоа ги содржи и сите 9 есенцијални амино киселини. Богата е и со железо, магнезиум и растителни влакна.

И суровото јајце е богато со протеини. Во едно јајце има околу 6 грама протеини. Комбинирајте го со банана и боровинки и ќе добиете совршен смуди напиток.

Ќе добиете феноменален вкус, но и голема количина на протеини, калиум и магнезиум, доколку ва вашето смуди додадете ореви. Тие совршено се совпаѓаат со сите видови на овошје и јогурт.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 рецепти за смути – детокс, витаминско и имуно.

Сподели: