Природни третмани за отстранување на вошки и гниди

Природни третмани за отстранување на вошки и гниди

Ако забележите дека вашето дете постојано се чеша, раздразливо е и плаче, можеби има вошки. Вошките се размножуваат и шират многу брзо, се хранат со крв од кожата на главата и предизвикуваат јако чешање. Најмногу се застапени кај децата од 12 до 14 години, но во последниот период е забележано масовно ширење и во градинките. Освен со специјални средства, може да ги примените овие природни третмани за отстранување на вошки и гниди кај децата, но и возрасните.

Како може да ги уништите вошките?

На пазарот се продаваат различни производи кои успешно ги уништуваат вошките, но само ако ги користите исправно. Шампоните, лосионите или прашоците, делуваат на вошките, но се помалку делотворни на гнидите. Затоа е потребно повторно да се нанесува средство за уништување на вошките по 7 дена, за да се спречи нивното размножување.

Сепак, освен со специјални средства, вошките може да се отстранат и да се спречи нивното ширење со помош на овие мали трикови.

отстранување на вошки и гниди

Третман со маслиново или ладно цедено сончогледово масло

Врз косата ставете растително масло (маслиново или ладно цедено сончогледово) и завиткајте ја косата со најлонска фолија или едноставно ставете најлонска капа. Оставете маслото да делува за време од еден до два часа, а потоа косата измијте ја со специјален шампон кој е збогатен со регенератор со што се олеснува чешлањето на косата. На ова начин ќе му го одземете воздухот кој му е неопходен за преживување на вошките, а исто така ќе се намали нивната можност за лепење на косата и кожата.

Јаболкова киселина за полесно отстранување на вошки и гниди

Со помош на млака киселина истријте ја главата на детето. Киселината овозможува гнидите и вошките полесно да се одвојат од косата.

Чешлајте ја косата со чешел со ситни запци

Секој ден или повеќе пати дневно, исчешлајте го детето со чешел со ситни запци. На овој начин ќе отстраните дел од гнидите, а дел од нив ќе уништите. Така ќе го прекинете биолошкиот развој на овие паразити.

Врзете ја косата на девојчињата во реп

Девојчињата со задоволство ги разменуваат марамите, капите и украсите за коса. А нивната долга коса е идеална за размножување на вошки. Соберете ја косата на девојчето во реп, па така ќе биде потешко да дојде во контакт до косата на пријателчињата.

Исто така може да ставите малку гел на косата на момчињата. На овој начин косата ќе биде влажна и мазна, а со што се прави непогодна средина за пренесување на вошките.

Користите масло од лаванда за превенција

Пред да отиде детето на училиште или во градина, на косата ставете му неколку капки есенцијално масло од лаванда. Може да ги распоредите на тилот, горниот дел на главата, зад ушите, но и на капата, на јаките од кошулите и маичките. Мирисот на лавандата ги одбива вошките.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите масло од лаванда?

Сподели: