Природно средство за чистење на рерна

Чистењето на рерната веројатно е една од домашните активности која најмалку сакате да ја правите. Нема таква домаќинка која ужива во чистењето на рерната, која е напорна работа, а резултатот никогаш не е онаков како што посакуваме.

Најдобро е рерната да се чисти редовно: почекајте да се излади и избришете ги евентуалните остатоци од храна во неа, користејќи влажна крпа. На овој начин најлесно ќе ја исчистите рерната пред остатоците да се стврднат и исушат, што потоа значително го отежнува процесот на чистење.

Но често пати, недостатокот на време и работните активности доведуваат до таложење на нечистотии и масни дамки на рерната. Ако сакате брзо и успешно да ја исчистите рерната, не мора да користите штетни хемикалии. Во согласност со новите трендови за зачувување на природата, како и на сопственото здравје, направете сами средство со кое брзо и лесно ќе ја исчистите рерната.

чистење на рерна

Паста од сода бикарбона и сол за чистење на рерна

Состојки:

Подготовка:

  1. Во мал длабок сад ставете ја сода бикарбоната и солта. Измешајте ги состојките, а потоа во садот додајте малку вода. Мешајте за да добиете смеса во вид на паста, а по потреба додајте уште вода.
  2. По пет минути, пастата нанесете ја на влажна крпа или сунѓерче за садови и истријте ја рерната. Ќе забележите дека нечистотијата и мрсните дамки од рерната со лесно се чистат. Избегнувајте користење на пастата за чистење на рерна врз грејачите.

Ви предлагаме да прочитате: 3 домашни средства за чистење на теписи.

Сподели: