Променливото расположение може да се контролира со правилен избор на храна

Кај секој од нас може да се јави променливо расположение од различна природа на причините. Денешниот активен животен стил и многубројните трки со времето и можностите доведуваат до чести и брзи промени на расположението кои се јавуваат од различни причини, како што се стрес, притисок, ПМС или менопауза и многу други, а добрата вест е што можете да го контролирате со мудар избор храна. 

Вашето мени треба да содржи поголема количина од храната која го подобрува расположението. А, која е таа храна?

Храната која овозможува подобро расположние содржи серотонин, кој уште се нарекува хормон на среќа и помага во контролата на „непосакуваните“ чувства. Кога и да почувствувате дека можете да „западнете“ во таква состојба посегнете по пилешко или мисиркино месо, житарици, авокадо или банани. Секако дека може да ви помогне и храната богата со протеини, како што е риба или млечни производи. Тоа е одлична храна која ќе ви даде енергија и е корисна како појадок или доколку имате напорен ден на работа, состаноци преку денот и слично.

Променливото расположение може да се контролира со правилен избор на храна

Прескокнувањето на оброците може само да ја влоши состојбата, бидејќи така се зголемува стресот и анксиозноста, а посебно ако имате ден полн со обврски. За да спречите чести промени на расположението јадете овошки, јаткасти плодови, морков или протеински плочки, а избегнувајте висококалорични грицки полни со шеќери.

Кога станува збор за калциум кој исто така помага во контролирањето на расположението, може да изберете млеко, јогурт и сирење. Друга корисна храна е лососот, кој покрај другите здрави состојки содржи магнезиум, омега 3 масни киселини и витамин Б6, кои се важни за „подигнување’ на расположението.

Соја, соиното млеко и тофу обезбедуваат оптимално ниво на шеќерот во крвта и спречуваат нагли промени. Богати се со калциум, витамини од Б групата, омега 3 и многу други нутриенти. Зелените листести зеленчуци се полни со Б витамини, кои се клучни за произведувањето на неуротрансмитерите, како што е серотонинот. А, покрај другото, помагаат во подобрување на меморијата, расположението и енергијата.

Сподели: