магдонос

Прочистете ги бубрезите со чај од магдонос

Кога и да имате можност да консумирате магдонос, не пропуштајте ја. Освен што го прочистува организмот од штетните материи, големата количина на витамини и минерали во неговиот состав го прави идеален за борба против анемија, анорексија, општа слабост, психички и физички замор.

Познато е дека бубрезите се незаменливи во извршувањето на својата функција, како прочистувачи на организмот. Имено, бубрезите имаат улога да ја прочистуваат крвта од штетните материи, односно преку урината да ги исфрлаат од телото. Малото внесување на течности, доведува до концентрирање на одреден дел од штетните материи и создавање на кристали, така што се формираат камчиња во бубрезите. Со тоа се оневозможува нормалното функционирање на бубрезите, па затоа е добро од време на време да се направи прочистување на бубрезите со магдонос кој е познат како природен прочистувач на бубрезите.

Покрај тоа, магдоносот има и други позитивни својства, како што се:

  • Ја подмладува кожата.
  • Богат е со минерали како што се железо, бакар, калиум, калциум и магнезиум.
  • Изобилува со витамините K, A и С.
  • Магдоносот е моќен антиоксиданс, со што помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем.
магдонос

Чајот од магдонос кој се препорачува за прочистување на бубрезите се припрема на следниот начин:

  1. Земете една рака свеж магдонос, добро измијте го и исечкате го.
  2. Исечканиот магдонос ставете го во сад на оган, заедно со еден литар вода.
  3. Кога водата ќе почне да врие, варете го магдоносот уште 10 минути.
  4. Потоа садот го тргнете го од оган и оставете го да се излади, па течноста процедете ја и ставете ја во сад во ладилник.

Начин на употреба и дозирање:

Од течноста со магдонос се препорачува секој ден да се пие по 1 чаша, а за многу брзо време ќе забележите подобрување, така што отровите кои се наоѓале во бубрезите ќе започнат да се отстрануваат при мокрење.

Сите информации кои се спомнати погоре ни даваат до знаење дека лесно достапниот магдонос е многу корисен и треба да биде често застапен во сечија исхрана. Користете ја секоја прилика да го додадете, тоа може да биде вашата супа, салата, како додаток на разни сосови и прилог со друга храна.

Сподели: