мрзливи црева

Разбудете ги мрзливите црева на едноставен начин

Причините се, главно непознати, но повеќето од нас добро ги познаваат непријатните последици од појавата на мрзливи црева, односно тврда столица.

Понекогаш се случува цревата да престанат со празнење. Оваа појава се јавува ненадејно, кога ќе се променат вообичаените навики, кога се нарушува дневниот ритам или како последица на стрес, што може да биде патување, промена на временските зони, проблеми поврзани со работата или семејството, нов начин на исхрана и слично. Покрај промените во секојдневната рутина, причини може да бидат и некои здравствени проблеми:

  • Премногу токсини во организмот
  • Вознемиреност и депресија
  • Долготрајно лежење
  • Колитис
  • Шеќерна болест
  • Бременост и менструација
  • Хипотироидизам
  • Проблеми со бубрезите и црниот дроб.

Покрај наведените причини, начинот на исхрана е многу важен за правилна работа на цревата. Недостигот од минерали, витамини, недоволното внесување на вода или растителни влакна, може да го забави протокот на содржината во цревата. Овој ефект е изразен доколку често се консумира преработена храна, односно производи со ниска хранлива вредност, кои не содржат доволно растителни влакна, а изобилуваат со многу адитиви. Прехранбените производи кои често се наоѓаат на рафтовите во маркетите, со малку или без растителни влакна, се претвораат во тврда маса која тешко поминува низ цревата, со што предизвикува застој.

мрзливи црева

Ако имате мрзливи црева применете ги следните совети 

Доколку мрзливите црева не се предизвикани од некоја болест или физиолошка состојба, важно е да знаете дека може да го решите проблемот со промена на начинот на исхрана и движење во текот на неделата. Тоа подразбира, умерено консумирање на протеини и шеќери, избегнување на фабрички преработените производи и поголема консумација на растителни влакна кои ги има во свежото овошје и зеленчук. Потрудете се да го замените белиот леб и печива, белиот ориз да ги заменете интегрални намирници кои содржат повеќе растителни влакна и минерални материи.  И начинот на консумирање на храната може да помогне во надминување на проблемот, така што секој залак треба добро да се изџвака. Притоа, не заборавајте да внесуваат доволни количини на вода.

Ве советуваме да го избегнете земањето на таблети со лаксативен ефект, затоа што со долготрајна употреба може да се соочите со спротивно дејство од посакуваното. Промената на исхраната и физичката активност со времетраење од најмалку 30 минути на ден, се природен лек кој нема непосакувани последици врз здравјето.

Ви предлагаме да прочитате: Приоритетни навики како да го одржите здравјето на цревата.

Сподели: