Рататуј на скара

Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате вкусен рататуј на скара приготвен дома.

Посно, вегетаријанско и без глутен! Изобилува со зеленчук, па совршен е за сите оние кои внимаваат на својата линија. Приготвениот рататуј можете да го сервирате топол, како ручек или здрава лесна вечера. Уживајте во комбинацијата на вкусови!

рататуј на скара

Состојки:

  • 2 големи црвени домати, сечени на кругови
  • 1 црн домат, сечен на тенки ленти
  • 1 црвена пиперка
  • 1 тиквичка, пресечена на половина, па на ленти
  • 1 главица кромид или 2 млади кромитчиња
  • малку маслиново масло за мачкање
  • ливчиња босилек, коријандер или магдонос по потреба (околу 30 грама).

За сос:

  • сок од 2 цедени лимони
  • 3 лажички маслиново масло
  • 2 лажички оцет балсамико
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • прстофат црн пипер.

Подготовка:

  1. Припремете ја и загрејте ја скарата на средно висока температура.
  2. Во поголем сад ставете ги лимоновиот сок, маслото, киселината, босилекот, шеќерот и солта, па измешајте ги.
  3. Зачинете со црн пипер по вкус.
  4. Исечканиот зеленчук намачкајте го со маслиново масло и ставете го на скарата да се печи. Печете го додека омекне за време од 6-8 минути.
  5. Притоа обрнете внимание на доматите и кромидот, затоа што се печат релативно многу брзо.
  6. Печениот зеленчук исечкајте го и ставате го во чинија. Во чинијата ставате го преливот со лимоновиот сок и измешајте.
  7. Декорирајте со листови свеж босилек или друг зачин по желба и послужете го. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Маринада за зеленчук на скара.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: