Редена кус кус салата со варени јајца 1

Редена кус кус салата со варени јајца

Оваа супер кус кус салата се јаде во секое време од денот! Многу е интересна за правење, а вкусот е малку различен од сите салати на кои сме навикнале да ги јадеме често. Нејзината редена структура и дава посебен лик, пробајте ја и вие дома!

Редена кус кус салата со варени јајца 2

Состојки:

  • 150 гр кус кус
  • 240 мл топла вода
  • 1 тиквичка
  • 3 чешниња лук
  • 300 гр пилешки гради
  • 1/2 лажичка ситно рендан ѓумбир
  • 1 лажица сенф
  • 4 тврдо варени јајца
  • неколку лажици цврст јогурт
  • прстофат копар
  • масло, сол, црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Кус кусот ставете го во подлабок сад, прелејте го со топлата вода и поклопете.
  2. Оставете го да отстои 10 минути, додека ја абсорбира водата.
  3. Потоа со вилушка промешајте го и по вкус посолете.
  4. Пилешките гради исечете ги на ситни парчиња.
  5. Врз парчињата месо нанесете го сенфот, ренданиот ѓумбир, малку сол и црн пипер, па убаво измешајте.
  6. Ставете ги парчињата месо на грил тава со малку масло да се испржат.
  7. Тиквичката изрендајте ја и ставете ја во тава на оган со малку масло и сечканото лукче. Кратко пропржете ја колку да омекне.
  8. Јогуртот измешајте го со малку копар.
  9. Во чинија за сервирање ставете еден слој од кус кусот, потоа еден слој од пропржената тиквичка, пак еден слој кус кус, еден слој варени јајца исечени на кругови, повторно слој кус кус, па еден слој од пилешкото месо. Врз месото прелејте од јогуртот измешан со копар и на крај ставете уште еден ред кус кус.
  10. Реденава кус кус салата може да ја направите топла или ладна, подеднакво е вкусна.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска.

Ви препорачуваме да прочитате и редена мимоза салата.

Сподели: