Рецепт за највкусните американски палачинки

Сите обожаваат палачинки! Тие се одлични за појадок или за десерт во кој било период од денот. Може да се сервираат на различни начини со чоколаден крем, мед, мармалад… Малите сунѓерести американски палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни.

Помали се и имаат структура која потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување на трпезата. Брзо се прават, а ние ги обожаваме!

американски палачинки

Состојки:

  • 1 ½ чаша брашно
  • 3 ½ мали лажички прашок за печиво
  • ¼ мала лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • ½ лажица ванилин шеќер по желба
  • 1 ¼ чаша млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици растопен путер.

Подготовка:

  1. Брашното и прашокот за печиво измешајте ги. Потоа, два пати пресејте ги низ сито.
  2. Во длабок сад ставете го брашното, солта и шеќерот. Измешајте со лажица.
  3. Јајцето ставете во длабок сад и кратко изматете го со жица за матење. Во јајцето додајте го растопениот путер и измешајте ги за да се добие хомогена смеса. Потоа додајте го млекото и изматете.
  4. Во садот со млекото постепено додавајте од смесата со брашно и мешајте со жицата за да се добие хомогена смеса.
  5. На средно висока температура ставете намрсена нелеплива тава за палачинки да се загрее. Земете од смесата околу ¼ од чашата и турете ја во загреаната тава. Штом на површината ќе забележите дека има меурчиња, палачинките превртете ги да се печат од друга страна. Печените американски палачинки послужете ги со парче путер, јаворов сируп, шеќер во прав, чоколаден крем или мармалад по желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Мини кафе палачинки.

Сподели: