арапски лепчиња

Рецепт за домашни арапски лепчиња

Доколку обожавате домашни лепчиња и сакате да ја дегустирате интернационалната кујна, ви предлагаме да го пробате рецептот за арапски лепчиња. И овој пат на блогот Trydiani пронајдовме интересен рецепт за посни лепчиња кои се прават од комбинација на интегрално, ‘ржано или бело брашно, а од состојките може да направите четири големи или осум мали лепчиња.

арапски лепчиња

Состојки:

  • 2 чаши топла вода
  • 2 лажици сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 5 чаши брашно (најдобро е смеса од интегрално и бело брашно)
  • 1/4 чаша масло
  • 2 лажички сол

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете го сувиот квасец, шеќерот, водата и 2 чаши брашно. Измешајте ги состојките, покријте го садот со кујнска крпа и оставете го квасецот да нарасне за време од 10 минути.
  2. Потоа, во садот додајте ги престанатото брашно, маслото, солта и тестото се миксирајте го со миксер за време од 10 минути. Доколку немате миксер, измесете го рачно. Добиеното тесто треба да биде меко.
  3. Тестото за арапски лепчиња поделете го на 4 поголеми или 8 помали дела. Од секој дел формирајте топка, а потоа со помош на сукало исучете тенка кора.
  4. Корите ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреена рерна на 250 степени додека поруменат. Печените арапски лепчиња извадете ги од рерна, оставете ги кратко да се изладат и послужете ги додека се топли со парче сирење или јадење по ваша желба. На здравје!

Сподели: