Рецепт за домашни бисквити 1

Рецепт за домашни бисквити

Одлични се за со омилениот топол напиток, но и како состојка за различни десерти. Ако посакувате да пробате домашни бисквити со утринското кафе или чај, еве го нашиот рецепт.

Тие се вкусно и крцкаво задоволство. Радост за целото семејство и закуска која може да ја понесете со себе каде и да одите. Па, време е да го прочитаме рецептот!

Рецепт за домашни бисквити 2

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 110 брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво.

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200 степени.
  2. Прво раздвојте ги белките и жолчките. Во сад изматете ги белките до цврст снег, а потоа постепено додајте 2 лажички шеќер.
  3. Во друг сад измешајте ги жолчките со остатокот од шеќерот. Мешајте додека смесата стане густа и со бледа боја.
  4. Брашното просејте го и измешајте го со прашокот за печиво.
  5. Во сад ставете ја половина од густата смеса од белки измешани со жолчките, а потоа додајте го брашното, измешајте и додадете ги преостанатата смеса од белки, па се убаво измешајте.
  6. Добро измешаната смеса турете ја во шприц за филовање, па во претходно обложен плех со хартија за печење формирајте домашни бисквити со облик по желба.
  7. Во претходно загреаната рерна, печете околу 8 минути.

Совет плус: Во смесата можете да додадете и малку екстракт од ванила, а по печењето по желба може да посипете со шеќер. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Здрави солени бисквити без глутен.

Сподели: