лесна погача

Рецепт за едноставна и лесна погача

Поедноставна и лесна погача, сигурни сме дека нема! Сега веќе не ви е потребен голем талент и искуство во кујната за да направите вкусна погача.

Ако немате искуство со правење на погача или сте пробале, а резултатот не бил успешен, нашата пријателка Диана на блогот Trydiani, преку одлични инструкции, чекор по чекор ни ја прикажува постапката за правење на оваа лесна погача. Секој може да ја направи, нели?

лесна погача

Состојки:

  • ¼ чаша млака вода за квасец
  • ¼ чаша брашно за квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 20 грама свеж квасец
  • 3 чаши брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ лажица сода бикарбона
  • 1 мала лажичка мед
  • ¾ чаша газирана вода
  • ½ лажичка киселина
  • 3 лажици масло
  • Дополнително: 3 лажици масло, 1 лажица мак за декорација.

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат шеќерот, млаката вода, брашното и квасецот. Се меша добро и се остава 15 минути за да нарасне квасецот.
  2. Во сад за месење се ставаат брашното и солта. Во друг сад се мешаат газираната вода, маслото и медот. Во брашното се додава нараснатиот квасец, водата со маслото и медот, киселината и содата. Се замесува меко и еластично тесто.
  3. Откако добро ќе се измеси, се остава да нарасне.
  4. Потоа тестото се размесува кратко време и се остава повторно да нарасне за време од 30 минути. Од тестото може да формирате 3 помали погачи или една средна погача.
  5. Тестото поделете го на 7 дела, а од секој дел формирајте топче. Со сукало, секое топче исучете го во кружна форма. Секоја кора засечете ја до половина со нож и обликувајте цвет. (Следете ги инструкциите на сликата).
  6. Погачата ставете ја во тава обложена со хартија за печење.
  7. Декорирајте ја погачата со мак или семе по ваш избор и печете ја во загреана рерна на температура 175-200 степени, додека добие убава румена боја. Печената лесна погача оставете ја кратко време да се излади, а потоа послужете ја. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашна цветна погача.

Сподели: