Рецепт за кифлички со млеко.

Рецепт за кифлички со млеко

Сигурно низ веб страниците наоѓате разни рецепти за кифлички, а наш совет би бил да внимавате да биде проверен и направен од некој кој потврдува со фотографија како што е тоа случај во нашиот рецепт за кифлички со млеко. Интересни се и направени со добра мисла, убаво расположение и благодарение на Димитар споделени со сите нас. Еве како може да ги направиме и да уживаме во нив!

Рецепт за кифлички со млеко

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 1 лажица квасец
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 супена лажица сол
  • 1 супена лажица шекер
  • 125 мл масло
  • 4 јајца (4-те белки се месат во тестото, а 4-те жолчки се користат за премачкување на кифличките)
  • 5 неполни шолји брашно
  • дробено бело сирење по потреба за филување на кифличките
  • малку сусам за попрскување на кифличките.

Подготовка:

  1. Во сад за месење се става квасецот заедно со млекото, солта и шеќерот, во кој кој откако ке нарасне се додава брашното во кое претходно е измешан прашокот за печиво.
  2. Се додаваат и изматените белки и маслото, и се замесува хомогена смеса.
  3. Убаво измесеното мазно тесто се остава да нарасте додекаго удвои својот волумен.
  4. Од тестото се вадат мали топчиња, па секое топче се расукува по должина и на едниот крај се става малку дробено сирење, па се рола, односно се витка во кифличка и се става во намрсен плех со маргарин.
  5. Наредените кифлички во плехот се премачкуваат со изматените жолчки и се попрскуваат со сусам.
  6. Се печат на 180 степени околу 30 минути. Убави се топли и ладни за јадење.

Добар апетит!

Рецептот го испратил: Димитар Трајковски.

Сподели: