Рецепт за највкусното топло бело чоколадо

Топлото чоколадо е едно од најслатките зимски задоволства. Сите го обожаваат, а ако досега сме имале рецепт само за класичното домашно топло чоколадо, сега листата на рецепти е збогатена со нешто ново. Супер рецепт за топло бело чоколадо кое се прави за помалку од 10 минути.

Подготовката на овој топол пијалак е лесна и секој може да го направи. Па, штом го направите, не заборавајте да ни пишете како ви се допаднало. А исто така може да ви се допадне и рецептот топло чоколадо со црвено вино и шлаг.

топло бело чоколадо

Состојки:

  • 2 чаши млеко
  • 2/3 чаши бело чоколадо (најдобро е да користите бело чоколадо во мали плочки)
  • 1 мала лажица екстракт од ванила
  • 50 мл слатка павлака за декорација.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ги млекото и белото чоколадо. Мешајте повремено со жица за матење, додека млекото се затопли и белото чоколадо се растопи. Внимавајте, затоа што топлото чоколадо не треба да зоврие.
  2. Тенџерето тргнете од огнот и додајте го екстрактот од ванила. Измешајте и топлото чоколадо турете го во две чаши.
  3. Слатката павлака ставете ја во длабок сад за матење. Изматете ја со миксер додека се добие густа смеса. Изматениот шлаг ставете го во готварски шприц. Врз чашите со топлото бело чоколадо ставете од слатката павлака. Готовото топло чоколадо послужете го со колачиња. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашно топло чоколадо.

Сподели: