салата панзанела

Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела

Панзанела е многу популарна летна италијанска салата која се припрема со домати и свежо печен леб. Понекогаш во салатата се додава кромид и босилек, со додаток на прелив од маслиново масло и киселина.

Познатата италијанска салата Панзанела во малку поразлична верзија со додаток на зелена салата, краставица, маслинки и свеж сок од лимон ни ја припреми нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.

салата панзанела

Состојки:

  • 1 зелена салата
  • 1 краставица
  • 1 мала главица црвен кромид
  • шери домати
  • маслинки
  • неколку парчиња леб
  • свежо цеден сок од лимон
  • маслиново масло
  • сол, црн пипер, свежи зачини

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на коцки, прелијте го со малку масло и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете го во загреена рерна на 150 степени за време од 20 минути, додека зарумени. Во текот на печењето, лебот повремено измешајте го.
  2. Зелената салата измијте ја и исечкајте ја.
  3. Краставицата декоративно излупете ја и пресечете ја на половина. Со помош на мала лажичка извадете ја средината, а потоа исечете полукругови.
  4. Шери доматите измијте ги и пресечете ги на половина.
  5. Кромидот исечете го на кругови.
  6. Зелената салата, краставицата, доматите и кромидот ставете ги во длабока чинија за салата. Внимателно измешајте ги и прелијте ги со маслиново масло, свежо цеден сок од лимон, посолете по вкус и наросете мелен црн пипер.
  7. На крај, додајте ги коцките печен леб и маслинките. Салатата по желба посипете ја со ситно сечкани свежи зачини (босилек, оригано, магдонос) и веднаш послужете ја.

Сподели: