Рецепт за популарната Coleslaw салата

Популарната Coleslaw салата е една од класичните салати која е популарна ширум светот. Се прави од зелена зелка, моркови и кремаст прелив. Па, ако сакате да направите малку поразлична салата која ќе ја послужите со сендвичи или хот дог, еве супер рецепт.  

Оваа салата може да ја послужите со 3 различни преливи. Најчесто се користи прелив направен од мајонез. Но, доколку сакате да ја направите во поздрава варијанта може да направите комбинација од мајонез и кисела павлака, или мајонез и матеница.

coleslaw salata салата

Состојки:

  • 1 кг зелка (1 помала зелка)
  • 2 до 3 големи моркови (3 чаши рендани моркови)
  • 1 лажичка сол
  • 1 ¼ прелив за coleslaw салата.

Прелив од мајонез за coleslaw салата:

  • 1 чаша мајонез или ½ чаша кисела павлака и ½ чаша мајонез
  • ¼ чаша бела винска или јаболкова киселина
  • 1 лажица шеќер
  • ½ лажица сол.

Подготовка:

  1. Зелката пресечете ја на половина и отстранете ги горните листови. Секоја половина пресечете уште еднаш, а потоа ситно исчекајте ја. По желба зелката може да ја изрендате или да се исечкате со блендер. Ситно сечканата зелка ставете ја во длабока чинија за салата.
  2. По желба, зелката може да ја посолите. На тој начин, таа ќе биде крцкава подолго време. Зелката ставете ја во цедилка и посолете ја со сол. Цедилката поставете ја врз чинија и оставете ја да стои час до два. Потоа исцедете ја течноста од зелката и продолжете да ја правите салатата.
  3. Морковите излупете ги, па ситно исечкајте ги. По желба може да ги изрендате или да ги исечкате со блендер. Сечканите моркови додајте ги во чинијата со зелката и измешајте.
  4. Во чинија ставете ги состојките за преливот. Пробајте малку од преливот и по желба додајте повеќе сол, шеќер или киселина.
  5. Приготвениот прелив ставете го во садот со зелката и морковите, а потоа добро измешајте.
  6. Приготвената coleslaw салата ставете ја во фрижидер еден час пред сервирањето. Доколку обожавате покремаста салата ставете од преливот врз сервираната салата или додајте 1 лажица мајонез пред да ја послужите. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате:Посен прилог од зелка и моркови.

Сподели: