http://sezahrana.mk/wp-content/uploads/2015/05/сутлијаш-со-пудинг.jpg

Рецепт за сутлијаш со пудинг

Сутлијач или сутлијаш е вид на сладок десерт кој се добива со варење на ориз во млеко, а најчесто се додава шеќер, ванила, цимет и рендано чоколадо. Сутлијачот е дел од македонската, српската, бугарската и турската кујна од каде и потекнува овој десерт. Може да се служи топол или изладен.

На многумина им се допаѓа комбинацијата на сутлијаш со пудинг, па рековме да ја пробаме. Рецептот е лесен, едноставен и многу вкусен. Ако сакате да се заблажите, ви препорачуваме да го направите и да уживате во ориенталниот вкус заедно со семејството или пријателите.

сутлијаш-со-пудинг.jpg

Состојки:

  • 4 чаши млеко
  • 3 чаши вода
  • 1 чаша ориз
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ќесичка пудинг од ванила
  • цимет во прав, по желба

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средна температура ставете ги млекото, водата, шеќерот и оризот да се варат. Варете за време од 25 минути или додека оризот омекне, со повремено мешање.
  2. Прашокот за пудинг ставете го во чинија и додадете 50 мл вода. Разматете го добро пудингот со водата за да се добие хомогена смеса.
  3. Откако оризот ќе се свари, во тенџерето додајте го пудингот и варете 2 до 3 минути, додека смесата се згусни.
  4. Припремениот сутлијаш со пудинг ставете го во влажни стаклени чинии и оставете го да се излади. Пред служење, сутлијашот наросете цимет во прав. На здравје!

 

Сподели: