ravanija so kiselo mleko 1

Рецепт за турска раванија со гриз и кисело млеко

Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме сочната раванија со гриз и кисело млеко. Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.

Рецептот за турската раванија со гриз и кисело млеко ни доаѓа од кујната на Клара. За овој рецепт таа вели: „Најкомпактната и многу вкусна раванија до сега што сум ја пробала. Составот и начинот на подготовка на крај резултираат со раванија која не се рони и насекаде е прелиена/впиена со шербет кој не се цеди и многу брзо се апсорбира кога ќе се полие.“

раванија со гриз

Состојки:

  • 3 јајца
  • ½ чаша шеќер
  • 1 чаша кисело млеко
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша гриз
  • 3 лажици брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 1 рамно лажиче сода бикарбона
  • кора од 1 лимон.

Шербет:

  • 2 ½ чаши вода
  • 2 ½ чаши шеќер
  • ½ лимон.

Подготовка:

  1. Најпрво е добро да се подготви шербетот за да можи да олади. Се ставаат шеќерот и водата во тенџере на оган на средна температура. Откако шербетот ќе зоврие, се остава да се вари уште 5 минути. Потоа се додава лимонот исечен на кришки и се вари уште 3 минути. Се трга од рингла и се остава да олади.
  2. Јајцата и шеќерот се ставаат во сад за матење. Се матат со миксер додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
  3. Киселото млеко и сода бикарбоната се мешаат во друг сад. Потоа се додава киселото млеко во садот со јајца и се меша со лажица.
  4. Се додаваат и останатите состојки редоследно.
  5. Смесата се истура во намрсена тава (20х30) и се печи во загреана рерна од 200 степени додека раванијата порумени и се формира кора на површината.
  6. Жешка раванијата се полива со ладниот шербет. Откако за кратко време ќе се впие шербетот, се сечи на посакувани коцки или ромбоиди и се служи со сецкани ф`стаци или некое друго јаткасто овошје врз секое парче. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Раванија со лешници.

Сподели: