Рижото со тиквичка, морков и пармезан

Брз и лесен рецепт за вкусно рижото со тиквичка, морков и пармезан. Комбинацијата на состојки ветува одличен вкус, па ова е еден од рецептите кои мора да се пробаат.

Ако сте љубители на јадења со ориз, не заборавајте да го направите! Здраво, вегетаријанско и без глутен, за сите генерации.

рижото со тиквичка

Состојки:

  • 1 (500 – 600 гр) тиквичка
  • 1 морков
  • 4 полни лажици пармезан
  • 1 чаша ориз
  • малку магдонос
  • 1 лажица путер
  • 1/4 главица кромид
  • 4-5 лажици масло
  • по потреба сол, мешан сув зачин, црн пипер
  • по потреба вода.

Подготовка:

  1. Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја за време од 10 минути. Потоа исцедете ја.
  2. Кромидот и морковот ситно исецкајте ги и малку пропржете ги во тава на загреано масло и путер.
  3. Потоа додајте ја тиквичката и продолжете со пржењето уште 2 до 3 минути со повремено мешање.
  4. На крај додајте го оризот и пржите уште 1-2 минути.
  5. Налејте ја водата и зачинете по вкус.
  6. Од зачините додајте по малку, а имајте во предвид дека и пармезанот е солен.
  7. Оставете да вари додека оризот омекне, а водата испарила но не целосно. Тогаш додајте го пармезанот, магдоносот и измешајте. Топлото рижото со тиквичка и пармезан послужете го веднаш.

Забелешка: Водата во оризот додавајте ја по потреба. Тоа зависи од типот на оризот колкаво количество на вода му е потребно за да се свари.

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.

Сподели: