ролат од мелено месо и варени јајца

Ролат од мелено месо и варени јајца

Во случај да ви останале варени јајца од велиденските празници, еве рецепт кој ќе ви биде добредојден. Станува збор за вкусен ролат од мелено месо и варени јајца, кој изгледа преубаво.

Предлогот ни доаѓа од нашата пријателка Лана, која рецептот го објави на нејзиниот блог Kuhinjica Mignone.

ролат од мелено месо и варени јајца

Состојки:

  • 600 грама мелено месо
  • 1 поголема главица кромид
  • 2 парчиња бајат леб
  • малку млеко
  • 1 лажица мешан зачин
  • ½ мала лажичка сол
  • црн пипер по вкус
  • ситно сечкан магдонос
  • 1 свежо јајце
  • 6 до 7 варени јајца.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го.
  2. Во нелеплива тава на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло, додајте го кромидот и пропржете го.
  3. Млекото ставете го во чинија и додајте ги парчињата бајат леб. Најдобро е да ја користите само средината, без кората.
  4. Во длабок сад ставете ги меленото месо, додајте ги зачините по вкус, пропржениот кромид, омекнатиот леб, 1 јајца, сечканиот магдонос и 2 до 3 лажици лебни трошки, ако смесата е премногу мека.
  5. Правоаголниот калап премачкајте го со путер или маргарин, наросете го со лебни трошки, а по желба може да го обложите со тенки ленти славина. Ставете половина од смесата, а преку неа наредете ги излупените варени јајца. Потоа ставете ја преостанатата смеса за ролатот.
  6. Калапот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 40 минути. Печениот ролат од мелено месо и јајца оставете го кратко да се излади. Потоа, сечете парчиња и послужете го додека е топол, во комбинација со пире и зелена салата. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Ролнички од месо и варени јајца.

Сподели: