Ролован пилешки стек во пикантен сос 1

Ролован пилешки стек во пикантен сос

Ако ви досадиле секојдневните начини на припрема на пилешки стек или едноставно сакате да пробате некој нов вкус, еве ви одлична шанса! Направете си ролован пилешки стек во пикантен сос и најадете се со мерак и уживање! 🙂

Рецептот ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана, испробан е и од неа и од нас, одличен е!

Ролован пилешки стек во пикантен сос 2

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки стек
  • 4 ленти сланина или свински врат
  • 4 листа кашкавал
  • 500 гр домати
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 листа ловор
  • сол, чили и црн пипер по вкус
  • малку масло по потреба.

Подготовка:

  1. Доматот кратко избланширајте го во вода која врие, па извадете го и ставете го во сад со ладна вода и излупете го.
  2. На загреано масло испржете го ситно сечканиот кромид додека стане стаклест на изглед.
  3. Додајте го и ситно сечканиот лук и исто така запржете го.
  4. Претходно припремениот домат исечете го на коцки, па додајте го во тавата со кромидот и лукот. Намалете ја температурата и динстајте околу 15 минути или додека сосот се згусне, па претурете го сосот во соодветна тава за печење.
  5. Пилешкиот стек преполовете го по должина, така што ќе добиете 4 парчиња.
  6. Во загреана тава со масло додајте го месото, посолете, додајте црн пипер и ловоров лист. Пржете додека порумени од двете страни.
  7. Извадете го во чинија за малку да се излади, па секое парче замотајте го во лист кашкавал, а потоа во лента сланина или свински врат. За да е добро прицврстено, врзете го на средината со чист коноп.
  8. Вака припремените ролнички ставете ги врз сосот во тавата и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови, додека сосот благо се згусне, а ролничките се заруменат и кашкавалот се стопи. Јадењето служете го топло и декорирано со свеж босилек. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко месо во сос од печурки и вино.

Сподели: