Рузмарин за физичко и ментално здравје 1

Рузмарин за физичко и ментално здравје

Прекрасно мириса и е одличен зачин кој истовремено допринесува за физичко и ментално здравје. Ви наведуваме 8 причини заради кои е добро да користите рузмарин во исхраната.

Рузмаринот го штити стомакот

Неколку истражувања покажале дека рузмаринот го инхибира делувањето на патогените бактерии од храната, како што е на пример листериа. Добро е ова да го знаете а посебно за лето, кога инфекцијата со бактерии од храната е многу честа. Така, слободно додајте рузмарин во салатата или оброците.

Рузмаринот го подобрува памтењето

Доволно е да го помирисате и тоа ќе ви ја разбистри главата. Ова било познато уште од времето на античка Грција кога студентите ставале гранчиња рузмарин во косата додека учеле. Освен памтењето, рузмаринот ја подобрува и концентрацијата.

Го намалува стресот

Едно истражување утврдило дека медицинските сестри кои биле подложени на исклучително стресни и напнати ситуации, кога мирисале рузмарин биле помалку под стрес, во споредба со претходно и со останатите кои користеле рузмарин. Рузмаринот го намалува нивото на кортизол, кој е познат како хормон на стресот. Во секој случај, рузмарионот предизвикува смиреност кај луѓето.

Рузмаринот го подобрува варењето на храна

Есенцијалното масло од рузмарин може да помогне да се намалат грчевите, честите гасови и другите симптоми на раздразнети црева.

Рузмарин за физичко и ментално здравје 2

Добар е за косата

Масажа на косата со есенцијално масло од рузмарин може да го ублажи паѓањето на косата, а најефикасно е кога се користи заедно со масло од темјан. Еве како да го направите сами.

Ги отвора дишните патишта

Рузмаринот има антиинфламаторни својства. Затоа е корисен во случаи на настинки, грип и воспалено грло, а помага и при поленски и други алергии.

Рузмаринот делува антиоксидативно

Рузмаринот е антиоксиданс, па може да помогне во борбата против слободните радикали. Ова својство му помага на организмот да се избори со стареењето и разни болести поврзани со тоа, од срцев удар, па до здравјето на очите.

Влијае превентивно од малигни промени

Истражувачите утврдиле дека рузмаринот помага во спречување на размногувањето на малигните клетки кај ракот на дојка и ракот на дебелото црево, а ова дејство е посебно изразено кога размаринот се комбинира со куркума (во облик на екстракт).

Ви препорачуваме да прочитате: Масло од рузмарин за зајакнување на косата.

Сподели: