Салата од модар патлиџан, наут и сирење

На блогот Trydiani го најдовме овој интересен рецепт за салата од модар патлиџан приготвен на скара, наут и сирење, а вкусот е надополнет со сос од маслиново масло, лук, сенф и лимон.

Модриот патлиџан е омилениот зеленчук на многу кралеви и кралици низ вековите, а се одликува со исклучително здрави хранливи карактеристики и многу ниска калорична вредност што е одлична вест за сите кои внимаваат на внесот на калории. Покрај изобилството од витамини, минерали и растителни влакна, оваа салата не содржи глутен.

салата од модар патлиџан

Состојки:

  • 1 голем модар патлиџан
  • 200 грама наут од конзерва
  • ½ чаша фета сирење или за замена може бело саламурено сирење
  • 2 чаши златна мешавина (грашок, морков, пченка)
  • свежи зачини – магдонос, нане, босилек, рукола
  • црвен кромид
  • шери домати
  • маслинки каламата

Сос за салата:

  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон, свежо исцеден
  • 1 мала лажичка сенф
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

  1. Патлиџанот исечете го на дебели ленти. Лентите од модар патлиџан посолете ги и поставете ги во ладна вода или млеко, за време од 30 минути за да се намали горчливиот вкус. Потоа, лентите од модар патлиџан исцедете ги од водата и исушете ги.
  2. Врз исушените ленти модар патлиџан наросете црн пипер и малку намрсете ги. Вака припремените ленти печете ги на скара. Доколку не сте можност да ги испечете на скара, ставете ги во тава обложена со хартија за печење и печете ги во загреена рерна или во краен случај испржете ги за да омекнат. Пржените ленти од модар патлиџан, ставете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
  3. Лукот ситно исечкајте го и ставете во мал длабок сад. Во садот додајте ги состојките за сосот и измешајте.
  4. Сирењето исечкајте го на коцки, а шери доматите на четвртини. Кромидот исечкајте го ситно.
  5. Во чинија ставете ги печените модри патлиџани на скара, додајте ја руколата и зачините по желба, шери доматите, кромидот, наутот и сирењето. Врз приготвената салата од модар патлиџан, наут и сирење нанесете го сосот и послужете.

Сподели: