Здрава салата од цвекло и моркови

Оваа разнобојна и крцкава салата од цвекло и моркови изобилува со каротеноиди, и е одлична за заштита на кожата во лето. Богата со антиоксиданси и железо, па се препорачува да ја консумираат лица кои имаат анемија или се на рестриктивна исхрана со мал број на калории. Готовата салата од цвекло и моркови може да ја послужите со печено месо или риба на скара.

Наведените состојки се доволни за 4 порции, а во една порција има 121 калорија, 6.2 грама масти, 12.8 грама јагленохидрати и 0.21 грам сол.

салата со цвекло и моркови

Состојки:

  • 350 грама моркови
  • 350 грама цвекло
  • 2 листови млад кромид по желба
  • 2 мали лажички ким
  • 1 лажици ладно цедено сончогледово масло
  • 1 лажица црвена винска киселина
  • сечкан магдонос.

Подготовка:

  1. Излупете ги и измијте ги морковите и цвеклото, а потоа изрендајте ги на крупната страна на рендето. Бидејќи при рендање цвеклото пушта боја, ставете нараквици за да не ви се обојат рацете со розова боја. Алтернативно, може да користите блендер за сечкање на храна.
  2. Листовите кромид ситно исчекајте ги.
  3. Во длабока чинија ставете ги ренданите моркови, цвекло и листовите кромид.
  4. Во мала тава на оган ставете ги семките ким да се загреат. Штом се топли и мирисаат убаво, тавата тргнете ја од огнот и кимот ставете го во чинијата.
  5. Додајте ги ладно цеденото сончогледово масло, киселината и магдоносот, па се добро измешајте.
  6. Чинијата со приготвената салата од цвекло и моркови ставете ја во фрижидер за време од 15 минути, а потоа послужете ја салатата. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Крем салата со пилешко месо и цвекло.

Сподели: