Салата со боранија, моркови и пченка

Ваква салата сигурно немате пробано! Интересна комбинација за здрава салата со боранија, моркови и пченка, зачинета по ваш вкус.

Оваа салата може да се послужи и како прилог на туна, некое сувомеснато, парче сирење, месо или да биде комплетен оброк.

салата со боранија

Состојки:

  • 500 гр зелена боранија
  • 350 гр моркови
  • 6 полни лажици пченка
  • 2 тврдо варени јајца
  • 4-5 шери домати
  • по вкус сечкан кромид, млад кромид или власец
  • сол
  • маслиново масло
  • киселина, лимон или балсамико оцет за зачинување на салатата.

Подготовка:

  1. Боранијата исчистена од дршките ставете ја да се вари во посолена вода да омекне. При тоа внимавајте да не ја преварите, сепак да се осети малку крцкавост. Затоа од време на време проверeте со вилушка колку е сварена.
  2. Потоа исцедете ја и оставете ја да олади.
  3. Морковите излупете ги и исечете ги на кругчиња или ромбови. Ставете ги во тенџере на оган да се варат додека омекнат. Потоа исцедете ги и оставите ги да ладат.
  4. Во тенџере на оган со вода, ставете ги јајцата да се варат. Варените јајца оставете ги да се изладат, а потоа излупете ги и сечете ги на кругчиња.
  5. И доматите исечете ги на кругчиња.
  6. Во голема чинија за сервирање на средината најпрво ставете од боранијата, одозгора пченката и странично морковите, доматите и јајцата (како на сликата). Готовата салата со боранија, моркови и пченка послужете ја веднаш. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Салата со тиквичка и модар патлиџан.

Сподели: