салата со компири

Салата со компири, кромид и сирење

Ова е едноставна салата со компири, кромид и сирење, лесна за подготвување и супер за во лето и зима. Може да се комбинира со риба или печено месо, вино или ракија, и секако добро друштво.

Вегетаријанска е, не содржи глутен и е идеална за сите кои водат здрав живот. А за време на пости, може да ја направите без сирење.

салата со компири

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 мали главици црвен кромид
  • 200 грама бело сирење
  • 5-6 гранчиња сечкан магдонос
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер
  • јаболкова киселина.

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки. Доколку користите млади мали компири, нема потреба да ги лупите, доволно е темено да ги измиете.
  2. Во тенџере на оган на средно висока температура ставете вода. Во водата додајте ги исечканите компири и посолете. Оставете компирите да се варат за време од 20 минути (доколку компирите се исечкани на поголеми коцки, времето за варење е подолго) . Начинот за брзо варење на компири за салата прочитајте го тука.
  3. Варените компири исцедете ги и оставете ги да се изладат. Потоа, изладените компири ставете ги во длабок сад.
  4. Кромидот ситно исечкајте го и додајте го во садот со компирите.
  5. Сирењето исечкајте го на мали коцки и додајте го во садот со компирите.
  6. Салатата зачинете ја со масло, јаболкова киселина, посолете по вкус и наросете мелен црн пипер, и измешајте убаво. Приготвената салата со компири, кромид и сирење послужете ја веднаш. На здравје!

Сподели: