salata so modar patlidzan 1

Салата со тиквичка и модар патлиџан

Еве една убава салата богата со зеленчук. Ако сакате да каснете нешто здраво, но вкусно, оваа салата со тиквичка, модар патлиџан, домати, моцарела и босилек е вистински избор за вас.  

Направена во кујната на Невена, салатата со печена тиквичка и модри патлиџани ветува одличен вкус и лесна подготовка.

салата со тиквичка и модар патлиџан

Состојки:

  • 1 средна тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 2 домати
  • 250 гр моцарела
  • 10-на листови босилек
  • сол
  • оригано
  • маслиново масло
  • балсамико оцет.

Подготовка:

  1. Тиквичката и црниот патлиџан измиени и исчистени од дршките исечете ги на кругови од 1 – 1,5 см.
  2. Посолете ги и оставете ги околу 1 час да отстојат да ја пуштат водата што ја содржат.
  3. Потоа избришете ги со салфетки и наредете ги во плех за печење обложен со хартија. Попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути да омекнат.
  4. Оставете ги да оладат.
  5. Доматот и моцарелата исечете ги на кругови.
  6. Во чинија за сервирање редете наизменично од зеленчукот и моцарелата, а на некои места ставајте и листови босилек.
  7. Одозгора попрскајте ја со маслиново масло, оригано, сол а по желба може да се додаде и балсамико оцет.

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Летна фритата со тиквичка и модар патлиџан.

Сподели: