Салата со тиквички и крем од сирење

Друштво, сигурни сме дека ваква освежителна салата со тиквички и крем од сирење немате пробано. А бидејќи е сезона на тиквичките и ги има во изобилство, време е почесто да ги користиме за подготовка на различни рецепти.

Овој убава салата ја направи Диана, а рецептот е објавен на нејзиниот блог Trydiani. Направена е од едноставни состојки во супер комбинација, па може да претпоставиме дека вкусот е фантастичен.

салата од тиквички

Состојки:

  • 2 тиквички со средна големина
  • 1 – 2 лажици масло
  • 1 чешне лук или лук во прав
  • сол и црн пипер по вкус
  • неколку свежи листови нане
  • ¼ чаша јатки од ореви.

За крем:

  • ½ чаша меко козјо сирење (во замена може да се користи кравјо)
  • ½ чаша меко крем сирење
  • 1 мала лажичка рендана кора од лимон
  • ¼ до ½ чаша густо кисело млеко или павлака
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 1 лажица микс од свежи зачини (магдонос, копар)
  • 1 мала лажичка див лук
  • мелен црн пипер и сол по вкус.

Подготовка:

  1. Тиквичките измијте ги и исушете ги. Без да ги лупите, исечете ги на мали коцки.
  2. Во тенџере на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте го сечканиот лук, а по една минута ставете ги и сечканите тиквички. Посолете и зачинете со мелен црн пипер.
  3. Продолжете со запржување за време од 3 до 5 минути.
  4. Тавата тргнете ја од огнот, поросете уште мелен црн пипер, посолете и додајте ги листовите нане. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа ставете ги во чаши или друг прибор за сервирање.
  5. Во длабок сад ставете ги козјото сирење, крем сирењето и киселото млеко. Измешајте ги додека добиете хомогена смеса. Зачинете ги со мелен црн пипер, сол по вкус и додајте ги кората од лимон, сокот, како и свежите зачини. Кремот од сирење може да се приготви и порано, за да се соединат вкусовите.
  6. Во чаши се ставаат тиквичките, се поросуваат со потпечените ореви и на крај се додава од кремот со сирење. Готовата салата со тиквички и крем од сирење се декорира по желба со лук, јатки од ореви или свежи зачини. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Салата од модар патлиџан, наут и сирење.

Сподели: