салата-со-јајца-1

Салата со јајца и кисели краставички

Доколку ви сте љубител на кремасти салати ви предлагаме да ја пробате оваа салата со јајца и кисели краставички. Може да ја послужите како прилог со ручекот или да ја ставите во сендвич направен од интегрално лепче во комбинација со марула и кашкавал. Брзо се припрема, а е многу вкусна!

Оваа салата со јајца, кисели краставички и прелив од сенф и мајонез е вегетаријанска и не содржи глутен.

салата со јајца

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 кисели краставички
  • 1 лажица мајонез
  • 1 мала лажичка сенф
  • 2 лажици од течноста на киселите краставички
  • сол и црн пипер по вкус
  • млади листови нане за декорација.

Подготовка:

  1. Јајцата ставете ги во тенџере со вода, да се варат. Штом водата во тенџерето ќе зоврие варете ги 8 до 10 минути. Варените јајца оставете ги кратко време да се изладат, а потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Киселите краставички исечкајте ги на коцки. Јајцата и краставичките ставете ги во чинија и наросете сол и црн пипер.
  3. Во мал длабок сад ставете ја лажицата мајонез, сенфот и течноста од киселите краставички. Измешајте ги за да добиете хомогена смеса.
  4. Во садот со јајца и краставички, додадете го преливот со мајонез и измешајте.
  5. Подготвената салата со јајца и кисели краставички декорирајте ја со млади листови нане. На здравје!

Сподели: