свежа салата со печурки

Свежа салата со печурки и чија семе

Здрава салата за сите генерации! Овој пат во нашата кујна ви приготвивме здрава и свежа салата со печурки и чија семе, која може да ја послужите заедно со ручекот или како самостоен оброк.

Брзо и лесно се приготвува, а направена е од најздравите состојки. Вегетаријанска, без глутен и посна. Пробајте ја!

салата со печурки

Состојки:

  • 200 грама маринирани печурки, буковка или по избор
  • 6 – 7 поголеми листови марула
  • 1/2 трупка по желба
  • свежо цеден сок од ¼ лимон
  • куркума по вкус
  • 1 мала лажичка чија семе
  • 1 лажица ладно цедено сончогледово масло за пржење
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Печурките ги цедиме од течноста.
  2. Во нелеплива тава на оган го ставаме маслото да се загрее. Во загреаното масло ги додаваме маринираните печурки. Ги запржуваме од двете страни за време од 4 до 5 минути. Печурките ги вадиме од тавата.
  3. Марулата ја миеме и ја сечкаме.
  4. Трупката ја сечеме на мали коцки.
  5. Во длабока чинија ја ставаме сечканата марулка, трупката, сокот од лимон, куркума, чија семето, посолуваме по вкус и наросуваме мелен црн пипер. Состојките ги мешаме и додаваме малку ладно цедено масло.
  6. Салатата ја сервираме во две чинии. Врз неа ставаме од пржените печурки. Декорираме со парчиња лимон. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Бела салата со печурки и краставици.

Сподели: