Овошно кандило - свеќа од јаболко за 1 минута 1

Овошно кандило – свеќа од јаболко за 1 минута

Време е за малку забава и тоа едноставна и добра! Ако ви е потребна брза и шармантна декорација за вечера или прослава, а немате идеја еве една одлична. За само помалку од 1 минута можете да си направите свеќа од јаболко, а потоа да уживате во едноставните нешта!

Можете да изработите зелено, црвено или пак најдобро две кандила. За уживање со друштвото, за занимација на помалите во семејството, за домашно кино или збогатување на атмосферата во дворот или терасата.

Потребно ви е:

  • едно или повеќе јаболка по желба
  • растително масло
  • конец за свеќа
  • остар нож.

Начин на изработка:

  1. Јаболкото прво издлабете го во средишниот дел. Длабочината на длабење е по желба, а може да ја прилагодите според должината на конецот.
  2. Поставете го конецот во основата, а потоа налејте од маслото.
  3. За неполна минута ќе имате светла радост во рацете. Запалете ја свеќата и уживајте во моментот!

За најлесно да успеете, погледнете го видеото, а ако пак имате соммеж во изработката на свеќата, едноставно издлабете го јаболкото и во издлабениот дел ставете мала свеќичка.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете украсни миризливи свеќи со стапчиња цимет.

Сподели: