Свинско месо со ѓумбир и соја сос 2

Свинско месо со ѓумбир и соја сос

Изгледа прекрасно, а и многу вкусно е. Вака припременото свинско месо со ѓумбир и соја сос ќе остави многумина со силен впечаток на видливо позитивни емоции, а за оној кој го подготвува јадењето тоа е најголема награда!

Ако сакате елегантно јадење кое изобилува со месо и зеленчук, нема да погрешите, оваа комбинација и начин на сервирање е потгполно полн погодок. И благодариме на Кате за одличниов предлог!

Состојки:

  • 450 гр свинска кртина
  • 2 лажици сенф
  • 100 мл црвено вино
  • 4 лажици соја сос
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 1 лажица сечкан свеж ѓумбир
  • половина страк праз
  • 2 лажици сусамово масло
  • топла вода по потреба
  • масло, сол, црн пипер по потреба.

Други состојки за прилог:

  • неколку листови радикио
  • малку праз (само зелениот дел)
  • варено цвекло
  • свеж карфиол
  • магдонос
  • морков
  • 250 гр свежи шампињони.
svinsko meso so gumbir i soja sos 2

Подготовка:

  1. Свинското месо прво исечете го на мали коцки, а потоа посолете го, наросете црн пипер и измешајте го со сенфот.
  2. Во тава на оган ставете малку масло и додајте го месото.
  3. Откако ќе се запржи налејте го виното и оставете го на тивок оган додека виното испари.
  4. Потоа додајте го сусамовото масло, соја сосот, ворчестер сосот, ситно сечканиот ѓумбир и малку вода.
  5. Оставете го да се готви на средно силен оган и при крај додајте го ситно сечканиот праз. Пржете уште малку, колку празот да омекне.
  6. Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги шампињоните исечени на четвртинки.
  7. Сервирајте го месото со свежиот зеленчук (радикио, зелен дел од празот, морков, карфиол, магдонос), вареното цвекло и испржените шампињони.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Може да ве интересира и рецепт за полнето свинско месо со печурки.

Клучни зборови:

Сподели: