zdravi masti 1

6 симптоми кои покажуваат дека не консумирате доволно здрави масти

Науката вели дека здравите масти се неопходни за да може организмот добро да функционира, па затоа треба е да се внимава на правилниот избор на масти и на количините кои се консумираат. Ако кожата ви е сува, имате недостаток на концентрација и енергија, тешко ги намалувате килограмите, можеби и вие сте еден од многумината кои не конусмираат доволно здрави масти преку храната. 

До пред неколку години научниците мислеле дека сите масти се лоши за телото и треба едноставно да се избегнуваат од организмот. Но, истражувањата покажале дека во тоа не е точно и дека здравите масти се од голема важност за да може телото оптимално да функционира. И покрај тоа што се здрави, не треба да се претерува со нивните количини. Следните 6 симптоми јасно покажуваат дека во организмот се внесуваат помалку здрави масти него што е потребно, а ние ви откриваме како да ги препознаете.

Тешко го намалувате вишокот на килограми

Сигурни дека поголем број од вас имаат помислено дека килограмите тешко ги намалуваат поради недостаток на здрави масти. Малите количини на незаситени масти помагаат да јадеме помалку и да останеме сити подолго време. Покрај консумирањето на храна која е богата со здрави масти, за да може полесно да го намалите вишокот на килограми, ви препорачуваме да ги следите овие 5 совети за слабеење кои мора да се почитуваат.

Постојано сте гладни

Ако по половина час по обилен оброк повторно чувствувате глад, можеби причината за тоа лежи во недостатокот на здрави масти, од истите причини кои ги спомнавме погоре.

здрави масти

Имате проблем со сува кожа

Зимата помина, сонцето се уште не е јако, редовно ставате кремови и лосиони, но и покрај тоа кожата ви е сува? Тоа може да биде поврзано со недостатокот на здрави масти во организмот. Сите клетки на кожата се обвиени во заштитен слој на масти кои ги штити од сушење и дехидратација, но и од штетното дејство на токсините на кое сме секојдневно изложени. За да го решите проблемот со дехидрираната кожа, пијте доволни количини на вода, а исто така добро е да направите маски и купка од овес кои се одлични решенија за сувата кожа.

Имате недостаток на енергија

Човековото срце околу 70% од енергијата ја добива од мастите кои обезбедуваат 9 калории по грам, што е двојно повеќе од калориите од јаглените хидрати, но овие калории ќе ви дадат повеќе енергија, помалку ќе јадете и ќе бидете сити подолго време. Ако сте забележале дека недостатокот на енергија е поизразен во пролетниот период, тогаш ве советуваме да прочитате како може го намалите заморот со правилен избор на храна.

Не можете да бидете концентрирани подолго време

Мозокот се состои од 60% масти и да може добро да функционира потребни му се здрави масти. Исхраната која е богата со мононезаситени масти кои се наоѓаат во маслиновото масло, маслото од шафран, јаткастите плодови и путерот од нив ја зголемуваат продукцијата на неуротрансмитери кои се од голема важност за функционирање, учење и памтење. Покрај здравите масти, постајат одредени намирници кои се одлична храна за мозокот и го подобруваат помнењето.

Постојано ви е ладно

Ако мислите дека сте зиморливи поради лошата циркулација, размислете уште еднаш затоа што причината може да биде недостатокот на масти во организмот. Луѓето по кожата треба да имаат тенок слој на масти кои ја регулираат телесната температура, а ако го нема тој слој тогаш сигурно чувствувате повеќе студ.

Како што на самиот почеток нагласивме, важно е да внимавате на здравите масти кои ги јадете и да не претерувате со количините.

Ви препорачуваме да прочитате: 13 улоги на омега-3 масните киселини и 20 извори на храна.

Сподели: