Сливи - овошје кое крие ризница од здравствени придобивки 1

Сливи – овошје кое крие ризница од здравствени придобивки

Се чини дека сливата и денес е малку запоставено овошје, а содржи вистинска ризница од здравствени придобивки. Модрите сливи, жолтите, мали или големи, сите тие се одлични за здравјето!

Во зависност од сортата, сливите содржат различни хранливи состојки. Тие се извор на калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, бакар, витамин А, бета каротен, витамини од Б комплексто, витаминот Ц и витаминот К. Бојата на сливите потекнува од пигментот антоцијан, кој е познат како добар антиоксиданс, односно борец против слободните радикали. Спрема Oxygen Radical Absorbance Capacity, сливата е сместена на врвот на листата на намирници богати со антиоксиданси.

 Сливи - овошје кое крие ризница од здравствени придобивки 2

Свежите или сувите сливи се подобри?

Покрај витаминот А и бета каротенот, кои се важни за здравјето на очите, сливите содржат и лутеин и зеаксантин – растителни пигменти кои се поврзуваат со ризик од дегенерација на жолти дамки и катаракта на очите. Сливите се богати и со растителни влакна и сорбитол, шеќерен алкохол кој е одговорен за нивното лаксативно дејство. Нив го има, како во свежите, така и во сувите сливи, каде се поконцентрирани и тоа дејство е поизразено.  Од друга страна, свежите сливи имаат значително поизразена количина на витамин Ц, во однос на сувите. 100 гр свежи сливи содржат 9.5 мг витамин Ц, додека сувите околу 0.6 мг.

Има ли некој кој што треба да ги избегнува?

Одговорот е да. Дијабетичарите би требало да ги избегнуваат сувите сливи, додека свежи може да ги јадат во ограничени количини и тоа што позелени тоа подобро.

Како да купувате и да ги чувате?

Кога купувате треба да обрнете внимание да бирате зрели, цврсти и неоштетени плодови. Чувајте ги во фрижидер до три дена, а држете ги во хартиена ќеса. Препорачливо е откако ќе ги извадите од фрижидер, да ги оставите малку на собна температура, за нивната сочност да дојде до израз.

Ви препорачуваме да прочитате: Црни сливи – природен извор на антиоксиданси.

Сподели: