смокви.

Смокви – супер храна во секој облик

Смоквите се супер храна во секој облик, а нивната енергетска и хранителна вредност е многу голема. Свежите смокви имаат само 80 калории во 100 грама, сувите смокви имаат 276 калории во 100 грама и се полни со хранливи материи потребни за добро здравје на секој човек.

Уште од далечното минато, светите религиски книги сведочат за употребата и лековитите својства на смоквите, а посебно за проблеми со хемороиди. Многу се корисни при запек, помагаат во запирање на крварења од рани, а исто така помагаат и против цревни и менструални тегоби. Докажана е и користа на смоквите против рак, посебно против рак на простата и дебелото црево, бидејќи високата количина на растителни влакна овозможуваат често празнење на организмот, што доведува до негово подобро функционирање во целост. Покрај тоа, смоквите се одлични против болки во коските, а тоа својство се должи на високата количина на калциум во нивниот состав.

смокви

Има некои здравствени факти кои е корисно да ги знаеме, а еден од нив ќе го издвоиме со посебно внимание, бидејќи зборува за можен стран ефект од консумирање на поголеми количини на смокви кај лица со оштетени бубрези. Интересни факти кои е добро да ги запамтиме за нив се следните:

  1. Постојат 600 различни видови на смокви
  2. Можат да се консумираат суви и свежи
  3. Во 100 грама свежи смокви има околу 80 калории
  4. Ја чуваат младоста и помагаат против брчки
  5. Многу се богати со растителни влакна (5,8%), а со тоа придонесуваат во регулирањето на телесната тежина и мастите во организмот
  6. Помагаат во регулирањето на крвниот притисок, а тоа се должи високата содржина на калиум
  7. Ја одржуваат и подобруваат цврстината на коските бидејќи се многу богати со калциум
  8. Богати се со манган (3,3%)
  9. Одличен извор на витаминот Б6
  10. Штитат од пост менопаузен рак на дојка кај жените, од рак на простата кај мажите
  11. Ја подобруваат работата на кардиоваскуларниот систем
  12. Помагаат во намалување на количината на триглицериди во крвта
  13. Заштитуваат од макуларна дегенерација (оштетување на очите)
  14. Во својот состав содржат и оксалати, што подразбира дека луѓето кои имаат проблем со бубрезите пожелно е да ги избегнуваат или да јадат што е можно помали количини на смокви.

А доколку сакате да направите џем и да ги уживате нивните придобивки и вкус што подолго, повелете рецепт за џем од смокви.

Сподели: