Смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора 1

Смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора

Одржувањето на здравјето на цревната микрофлора е многу важно. Таа влијае не само на варењето на храната, туку и на целокупниот имунитет. Така, поради повеќе здравствени придобивки, ви предлагаме да си направите смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора. Природно и свежо!

Секојдневното пиење на умерени дози од овој домашен еликсир во чаша и на некој начин природен лек ќе ви овозможи добро здравје и убаво чувство во организмот преку цел ден.

Смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора 2

Рецепт за смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора

Состојки:

Подготовка:

  1. Подготовката е многу едноставна. Ананасот може да биде од конзерва, а најдобро да е свеж. Доколку е свеж, исечете парче и излупете го за да биде спремно за во блендер.
  2. Измијте ги и по желба излупете ги јаболката или крушите.
  3. Измијте ја и излупете ја и краставицата.
  4. Ѓумбирот излупете го исто така, а нането измијте го.
  5. Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измиксајте ги, па испијте го смудито.

Како делува смудито за добро варење во организмот?

Ананас. Содржи ензим бромелин кој помага за подобро варење така што ги разградува протеините.

Краставица. Содржи голема количина на вода и растителни влакна, па помага за елиминирање на токсините од дигестивниот систем, а помага и за подобра цревна перисталтика, што е важно за добро варење.

Јаболка/круши. Овие овошки се многу богати со растителни влакна, посебно пектински кои го врзуваат непотребниот холестерол во органите за варење, спречуваат пребрза апсорпција на шеќерите во крвта и помагаат против запек.

Ѓумбир. Го забрзува поминувањето на храната низ органите за варење, ги опушта стомачните мускули, ублажува мачнини и го поттикнува апетитот.

Нане. Одлично е за стомачни пореметувања, а посебно против надуеност и гасови. Го смирува стомакот и го олеснува варењето.

Ви препорачуваме да прочитате: Смуди од цвекло и ананас за снижување на крвниот притисок.

Сподели: