Смуди со праски и банани

Имаме нов и баш супер рецепт за смуди со праски и банани! Пред да го прочитате рецептот, веднаш да ви кажеме нешто, предноста на ова смуди е што може да го правите преку целата година, затоа што се користат праски од компот!

Смудито со праски и банани е идеално за појадок, затоа што изобилува со витамини, јагленихидрати и витамини кои ќе ви дадат енергија за преку ден. Но, исто така може да биде освежителна ужина, која може да ја понесете и на работното место. За да ја збогатиме хранливата вредоност додадовме ладно цедено масло од чиа. Маслото е богато со витамин Ц, витамин Е, одредени флавоноиди, фенолни киселини и лигнин. Тоа е одличен извор на протеини, цинк, бакар, тиамин (витамин Б1), ниацин (витамин Б3), и железо – сите се познати за здрав раст на косата. Дознајте зошто се препорачува ладно цеденото масло од чиа за здрави зглобови и силна коса. 

смуди со праски и банани

Состојки:

  • 1 чаша јогурт или кисело млеко
  • 450 грама праски од компот (или кратко варени праски)
  • 2 банани
  • ¼ чаша сок од портокал
  • 1 лажица ладно цедено масло од чиа (може да го купите преку онлајн продавницата на Фила, поголемите маркети или продавници за здрава храна)
  • ¼ чаша шеќер или по вкус
  • 2 чаши коцки мраз.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги јогуртот, маслото од чиа, бананите, сокот од портокал, шеќерот и коцките мраз.
  2. Блендирајте додека добиете смуди со посакуваната конзистенција.
  3. Готовото смуди со праски и банани послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот. 

Сподели: