Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот

Претходно сме пишувале за што е корисно лененото масло, а до нас стигнаа многу пораки за начинот на неговата употреба. Познато е дека ленено масло е еден од најдобрите природни лекови за забрзување на метаболизмот. Затоа ви приготвивме смуди со јагоди, ананас и ленено масло за забрзување на метаболизмот, кое е одличен предлог за појадок или ужина.

Освен што ќе ви даде енергија преку денот, ќе ве обезбеди и со важни хранливи состојки. Поради големата количина на Омега-3 масните киселини, лененото масло е многу корисно за кардиоваскуларниот систем и исто така помага во подобрување на крвните садови од воспалително оштетување. Прочитајте зошто се препорачува ленено масло за добро здравје на срцето. Покрај тоа, ги содржи витамините од Б-комплекс групата, како што се рибофлавин, ниацин, тиамин, пантотенска киселина, витаминБ-6 и фолати. Тоа е одличен извор на витамин Е, моќен антиоксидант, кој е потребен за одржување на интегритетот на клеточните мембрани и кожата. Маслото од ленено семе е исто така богат извор на минерали како манган, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен.

смуди со јагоди и ленено масло

Јагодите се нискокалорично овошје, богато со растителни влакна. Една чаша јагоди содржи само 43 калории, а обезбедува 13% од препорачливата дневна доза на растителни влакна кои овозможуваат намалување на крвниот притисок и спречуваат прејадување.

Наведените состојки во рецептот се доволни за 2 порции, а по желба, намалете ја или зголемете ја количината на состојките.

Состојки:

  • 1 ½ чаша сок од ананас (по можност свежо цеден или 100%)
  • 2 лажици ленено масло од Фила (може да го купите тука или во поголемите маркети и продавници за здрава храна)
  • 4 лажици кисело млеко со помал процент на масти
  • 10 замрзнати јагоди
  • коцки мраз.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги состојките по редоследот како што се наведени.
  2. Миксирајте ги за време од 2 до 3 минути, додека се добие хомогена смеса. По потреба додадете коцки мраз. Готовото смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот, послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Сподели: